Куманово и Старо Нагоричане објавија повик за линиски превоз на патници

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово и општина Старо Нагоричане ги повикаа заинтересираните превозници да се пријават за линиски превоз на патници помеѓу двете општини, информираа денеска од двете општини.

Loading...

Превозниците можат да конкурираат за две линии Куманово-село Никуљане-село Старо Нагоричане-село Стрновац (сезонски) и за линијата Куманово-село Војник-село Бајловце, кои во декември лани беа објавени, а не се пријавија заинтересирани превозници, како и за линиите Куманово-Клечовце Бељаковце и Куманово-Војник-Бајловце. Право на учество имаат сите превозници, барањата со соодветни документи треба да се достават до комисија, најдоцна 15 дена од објавување на огласот, односно до 21 февруари годинава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетник претепан пред училиште во Куманово

Заинтересираните треба да поседуваат доволен број автобуси и комби возила. Според објавите на општините, превозниците мора да достават потврди, документи наведени во објавата на општинските веб-страници. Предност ќе имаат превозниците кои поседуваат еколошки стандард на возилата и бројност на возилата.

Избраните превозници ќе го спроведуваат превозот наредните пет години.

МИА