Куманово и натаму меѓу градовите со најмалку вакцинирано население

Сподели со своите пријатели

Куманово и натаму останува меѓу градовите со најмалку вакцинирано население против Ковид-19, покажуваат најновите податоци на Министерството за здравство.

Loading...

Прва доза од вакцината примиле 42.055 граѓани над 18 – годишна возраст, односно 36,9 отсто од вкупното население.Со втора доза на вакцина имунизирани се 37.620 лица.

Според последните податоци на Министерството за здравство, најмногу со прва доза вакцинирани граѓани има во градовите Охрид (63,9%), Кавадарци (64,3%), Гевгелија (61,4%) и Неготино (65,1%).

Помеѓу 50-60% опфат на вакцинирано население со прва доза има во градовите Битола, Д.Хисар, Ресен, Велес, Берово, Пехчево, Прилеп, Крушево, Валандово, Штип и Пробиштип.

Помеѓу 40 – 50% опфат на вакицнинирани граѓани има во градовите Кичево, Св.Николе, Кочани, Делчево, К.Паланка, Струга, М.Брод, Скопје и Тетово.

Помеѓу 30-40%, односно најмалку вакцинирани во моментов има во Виница, Куманово, Кратово, Дебар, Струмица, Гостивар и Радовиш.

Никола Ивановски