Куманово го пречекува Паок

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово утре на пријателска средба го пречекуваат составок на ЖРК Паок од Грција.

Натпреварот ќе биде само почеток на нова соработка со грчките ракометарки, велат од кумановскиот клуб, од каде ги повикуваат љубителите на ракометот утре со почеток во 19:30 часот да го проследат првиот, а веќе задутре во 12:30 и вториот натпревар.

Првата средба ќе се одигра во спортската сала на СОУ „Перо Наков“, а втората во салата на ООУ „Христијан Карпош“ во населбата Перо Чичо.

Leave a Reply