Куманово ги победи „непобедливите“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Најтрофејниот клуб во македонската кошарка и клубот кој по 24 натпревари не доживеа пораз во домашниот шампионат сезонава, вечерва падна на колена среде Куманово.

 

Loading...

 

Кошаркарите на тренерот Александар Петровиќ реализираа победа во третото коло од Суперлигата, откако го совладаа Работнички на домашен терен со резултат 83:82.

 

 

Гостинската екипа подобро го започна мечот со играта на Гинјард и за кратко време направија водство од 12 поени, односно резултат 12:24. Домашниот состав по лошата прва четвртина даде се од себе за да се врати во позитива, па успешно уфрли шест поени повеќе од Работнички за да на полувреме се замине со негатива од шест поени или резултат 38:44.

 

Кратката пауза на полувремето добро им дојде на сино-белите па успешно започнаа и во третиот период, особено со играта на капитенот Марјан Јанески, па веќе во 36. минута имаа еден поен водство со резултат 48:47, за да за кратко време гостинскиот состав повторно го презеде водството со 58:62.

 

Loading...

 

Последната четвртина воедно беше најнапната, најинтересна за публиката која во поголем број го следеше натпреварот во Спортската сала Куманово. Избраниците на Петровиќ поведоа со 75:71 на четири минути пред крајот од средбата. Сепак, добриот состав на Докузовски се погрижи за неизвесност до последната секунда. Александар Штерјов беше херојот на Куманово вечерва кој донесе голема победа и го остави Работнички на колена.

 

 

Извонредна игра прикажа капитенот на Куманово Мајран Јанески кој реализираше 27 поени, а зад него со 15 се најде Никола Караколев, а со поен помалку и Александар Штеројов се најде на листата кошаркари со двоцифрен број на поени.

 

 

Loading...

Во составот на Работнички најефикасни беа Димитар Мираковски со 20 поени, а зад него со по 14 се странците Гинајрд и Еванс.

 

 

Со оваа победа на голема врата се отвора можноста кумановци да играат во плеј оф завршницата од сезоната каде се пласираат четирите најдобри екипи од Првата лига.

 

 

Следниот меч кошаркарите на Куманово го играат на гостински терен во сабота против составот на Блокотехна.

 

Loading...

Leave a Reply