Куманово домаќин на Државен натпревар на млади истражувачи

Сподели со своите пријатели

144 средношколци од целата држава денеска учествуваа на 55-от Државен натпревар  на млади истражувачи од  Република Северна Македонија, што се одржа во  средното стручно училиште „Перо Наков“ во Куманово.

Loading...

Ова е традиционална манифестација, преку која учениците од средното образование во земјава имаа можност да презентираат научно-истражувачки проекти  во 23 области на природните науки биологијата, географијата, информатиката, математиката, физиката и хемијата.

Организатори на натпреаврот се Народна техника на Македонија која годинава прославува 70 годишен јубилеј, Сојуз на здруженијата на младите истражувачи на Македонија или Науката на младите и Народна техника Куманово.

Целта на сите нас е да се стремиме кон успехот и победата, а во основата на таа цел е нашата желба, рече во своето обраќање директорката на СОУ „Перо Наков“, Мила Жибак.

– Како воспитно образовна институција имаме мисија да бидеме стимулативна средина за нови знаења, да дадеме придонес во креирање на модерна, квалитетна настава и сите заедно и наставниците и учениците и родителите да бидеме модели на добри граѓани и заслужни за новите постигнувања, рече Жибак.

– Овде денес, овие наши млади истражувачи, настапуваат од областа на природните, техничките и апликативните дејности. Тие за овој ден се подготвуваат во текот на целата година, заедно со своите ментори работат научно-истражувачки проекти. Овие млади луѓе се гордост за целата држава, но и гордост за оние кои ги водат, рече Љубица Каракашова, претседателка на Сојуз на здруженијата на млади истражувачи на Македонија – „Науката на младите“.

Зоран Тогонов, претседател на Народна техника на Македонија, на матурантите им посака да учат и во следните години, а сето знаење да го остават дома, а не во стрнаство.

– Иднината на целата Македонија е во вас. Се надеваме понатака да творите и создавате за Република Македонија и за оние генерации кои доаѓаат по нас, рече Тогонов.

Loading...

Државниот натрпевар на млади истражувачи го отвори Жика Крстевски, раководител на Сектор за образование при Општина Куманово.

– Во името на градоначалникот и Советот на Општина Куманово ви посакувам добредојде, да имате добри резултати, да имате сите успешен настан и она што ќе го постигнете да се вреднува од жирито кое ќе ве оценува и нека победат најдобрите и да бидат наши претставници кои ќе не претставуваат на меѓународните натпревари кои ќе следуваат потоа, рече Крстевски.

На државниот натпревар можат да учествуваат натпреварувачи кои се пријавени преку своите училишта. Оваа манифестација секогаш се одржува во месец април.

Leave a Reply