Куманово доби прво инклузивно игралиште (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Инклузивно игралиште за лицата со посебни потреби денеска беше пуштено во употреба на Градскиот кеј во Куманово преку проектот „Љубовта не е само збор“ на Ротари клуб Куманово, а со финансиска поддршка на Амбасадата на Швајцарија.

Loading...

– Самата идеја за проектот е изгградба на инклузивно игралиште каде децата со посебни потреби ќе може да се рекреираат и социјализираат со останатите деца, рече претседателот на Ротари клуб Куманово.

На пуштањето во употреба на игралиштето присуствуваше и амбасадорката Сибил Зутер која истакна дека рече дека идејата за инклузија на децата со пречки во развој е идеја на Ротари клубот и изрази голема поддршка за проектот.

– Швајцарија веќе долги години организира вакви проекти и нашиот фокус е токму овој инклузивен начин на остварување на проектите. Ова е причината зошто рековме дека е добро да го поддржиме оваа игралиште во Куманово, затоа што е прво игралиште кое е направено за лицата со посебни потреби, рече амбасадорката Зутер.

Loading...

Игралиштето се наоѓа на крајот на Градскиот кеј каде што веќе постоеше детско катче кое сега доби и сосема нов изглед.

Leave a Reply