Куманово денеска го пречекува МЗТ

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово денеска на домашен терен го играат еден од заостанатите натпревари во домашната лига, против некогашниот најголем ривал МЗТ Скопје Аеродром.

Loading...

Кумановци заостануваат со четири до пет натпревари од останатиот дел од екипите, поради своите обврски во БИБЛ лигата, но од досега одиграните натпревари бележат 10 победи и шест порази.

МЗТ е едно место подолу во табелата, но со одиграни три натпревари повеќе. Има скор од 6 победи и 13 порази.

Мечот се игра со почеток во 17 часот во спортската сала на СОУ „Перо Наков“, но без присуство на публика поради мерките за заштита од коронавирусот.

Никола Ивановски

Leave a Reply