Кумановки го стрелаа Металург од линијата од седум метри

Сподели со своите пријатели

Кумановки одиграа уште еден тежок меч и си заминаа со бод од гостувањето во Автомоканда, а дури 12 од головите ги постигнаа од линијата од седум метри.

Металург и Куманово имаа интересна пресметка во која нијанси решаваа за победникот. Доколку домашните успееја да реализираат барем уште еден од пеналите работите можеа да имаат сосема поинаков тек, но вака и двата тима мораат да бидат задоволни со по еден поен.

Во текот на целата средба имаше пресврти, но главното се случуваше во последните моменти од мечот.

Металург влезе во завршницата со предност од 21:18. И тогаш Мила Трајковиќ успеа со три погодоци да му донесе реми на својот тим и да му донесе поен. Два од овие три гола беа од линијата од седум метри, па ова е голем бод за кумановки кои во пролетниот дел од сезоната играат променливо.

Најдобра во составота на ЖРК Куманово беше Трајковиќ со 11 голови, додека капитенот Пеовска запиша пет погодоци.

Извор: 24ракомет

Leave a Reply