Кумановката Михајловска најдобра млада актерка (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Актерката од кумановскиот театар, Александра Михајловска, ја доби наградата НЕТА, најдобра млада актерка на македонскиот театарски фестивал „Ристо Шишков“ кој се одржа во Струмица.  Михајловска ја толкуваше улогата на Марта од претставата „Недоразбирање“, во режија на Драгана Таневска, а по текст на Алберт Ками. За актерката оваа награда има исклучително значење.

Loading...

-Значајно ми е затоа што пред се чувствував голема одговорност, бидејќи кумановскиот театар со години нема настапувано на овој толку значаен фестивал во нашата држава. По речиси 10 години стапнуваме на сцената на фестивалот и ја чувствував таа одговорност како некој кој е главен лик во претставата, јас и сите останати колеги од една страна, а од друга страна ми беше одговорност затоа што нашата режисерка Драгана Таневска е кумановка, но работи во струмичкиот театар, па некако се претставуваваме и пред нејзиниот ансамбл и целото тоа беше возбудливо за сите нас и заврши со оваа награда која што мене особено ми значи и сметам дека е значајна генерално за младите актери, е важно да имаме претстави кои што ги носиме, затоа што само така можеме да се надградиме и само така можеме да направиме добар репертоар-истакна таа.

Михајловска вели дека ликот на Марта кој што го толкува во претставата „Недоразбирање“ бил комплексен, но и било задоволство да го изведе.

-Јас го играм ликот на Марта, која заедно со нејзината мајка има хостел многу далеку надвор од градот, во кој поради различни егзистенцијални и психички проблеми, Марта почнува да ги убива сите самци кои доаѓаат во хостелот, и да ги зема парите, затоа што сака да се пресели на море. Тоа е доста комплексен лик кој има многу различни теми во себе и кој отвора многу прашања и емоции, Марта е млада девојка која има соништа кои излегле надвор од рамката на моралното и прави се за да може да го оствари тој свој едностван сон да живее надвор од земјата која што ја гуши-вели таа.

Александра Михаловска веќе пет години работи во кумановскиот театар. Има учествувано во претставите Бегај еве ја жена ти, Ревизор, Идиоти, На погрешно место во погрешно време, како и во сите детски претстави Волшебникот од Оз, Малата сирена, Пинокио, Убавицата и ѕверот. Во моментов  работи на претставата Магбет која ќе биде премиерно изведена на 20-ти септември, како и на Бегалка која се подготвува за фестивалот Денови на комедија. 

Leave a Reply