Кумановка заработи кривична пријава за измама

Сподели со своите пријатели

М.А. (40) од Куманово заработи кривична пријава од Секторот за внатрешни работи Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело измама, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено, во текот на 2014 година, пријавената со лажно ветување го довела во заблуда Р.Н. (43) од Крива Паланка дека ќе му купи камион и ќе го регистрира на име на нејзината фирма во Р.Бугарија, а потоа ќе вршат транспорт во земјите на Европска Унија, за што тој во повеќе наврати и дал вкупно 35.800 евра.

Откако купила камион, пријавената не го пренела на име на Р.Н., ниту пак му ги вратила парите.

Против истата е поднесена соодветна кривична пријава и ќе одговара пред институциите.