Кумановка тешко повредена, откако во неа удрил стружанец со ауди

Сподели со своите пријатели

Четириесет и шестгодишна кумановка е тешко повредена, откако во неа удрил автомобил „ауди“ управуван од стружанец.

Loading...

– На 23.07.2021 околу 16.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„11-ти Октомври“ во Куманово, патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Л.Н.(45) од с.Велешта, струшко, удрило во Н.Н.(46) од село Табановце, кумановско, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во незгодата, како што појаснуваат од полицијата, Н.Н. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply