Кумановка од вчера е исчезната, семејството бара помош во потрагата!

Сподели со своите пријатели

Седумдесет и едногодишна жена од Куманово од вечравечер се води за исчезната и нејзиното семејство активно ја бара.

Последен пат жената била видена вчера околу 22 часот кога се движела по улицата „Тоде Думба“ кон населбата Гоце Делчев. Има кратка смеѓа кратка коса со средна височина, а најверојатно била облечена во сина блуза или пижами.

До редакцијата на Кумановски Муабети се обрати нејзината ќерка која побара помош иа апелира сите кои мислат дека ја виделе според описот да се јават до семејството на бројот 078 334 953, до нашата редакција или во полиција, каде случајот е пријавен.