Кумановка ќе одговара за давање лажен исказ

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Л.П.(50)од Куманово, за сторено кривично дело „давање лажен исказ“.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 07.06.2018 година во Куманово во Отсекот за управни работи, пријавената пред референтот за моторни возила поднела потпишана изјава во која навела дека ја изгубила возачката дозвола, иако занела дека истата поради сторен сообраќаен прекршок и била одземена во Република Бугарија на 27 мај, по што органот на управата донел одлука да и се издаде дупликат од возачката дозвола.

Leave a Reply