Кумановецот Томислав Јовановски на -22 степени го освои Елбрус

Сподели со своите пријатели

Додека Куманово се „топеше“ на пеколните температури, кумановскиот планинар Томислав Јовановски на 22 степени под нулата го освојуваше Елбрус, врвот на Европа на руско-грузиската граница.

 

Loading...

Јовановски на оваа експедиција тргнал со уште тројца планинари од Скопје, а во организација на Планинарското друштво Предјане од Србија.

 

 

Цели 11 часа биле потребни, Томислав, Јован, Христифор и Јовица да се искачат на надморска височина над 5.600 метри.

Целосно од Куманово, односно Скопје тргнавме на 22 јуни, а се вративме на 3ти јули. Од Блеград до Москва, потоа до Минерални води, од Минерални води со комбиња до Терскол, каде беше и првичното градче за почеток. На првиот ден бевме на Чегет над 3.400 метри височина да се привикнеме, повеќе време на висина да седиме, потоа од Чегет се вративме со жичара идевме до Гарабаши над 3.800 метри, каде преспавме. Утредента излеговме на климатизација на 5.050 метри, се вративме во едно место над Гарабаши на 4.200, преспавме, одмаравме и ноќта на 27ми на полноќ започнавме со искачување кое траеше скоро 11 часа во еден правец.

 

Како што вели Јовановски, не било лесно да се совладаат екстремните услови на природата, но чувството да го гледате европското копно од птичја перспектива е непроценливо.

Не е лесно висината си го прави своето ниски температури, самиот воздух е проедок и потешко се дише, но сето тоа е предизвик. Тешкотии, главоболката беше честа, треба апчиња не треба нагло икачување, јас конкретно имав и проблеми со оите, јако сонце доста, а задоволството е неописливо, буквално врвот на светот.

Loading...

За Томислав Јовановски, кој инаку е првиот кумановец кој се искачил на Елбрус, врвот Монблан е следната точка за освојување.