Кумановецот Арсовски со изложба во Књежевац

Сподели со своите пријатели

Академскиот ликовен  уметник  Зоран Арсовски – Бабата, откако ја реализираше  својата самостојна изложба во престижната „Галерија – Белградска тврдина на Калемегдан”  во Белград со наслов „Тектонски пореметувања” која доживеа оргомна посетеност,  продолжува со презентирање на своите уметнички слики овој пат во градот Књажевац, Србија во Националната установа Дом на култура Књажевац.

Loading...

Отворањето на изложбата е закажано за 11 Септември 2019 година во 19.00 часот, а пошироката јавност во наредните две недели  ќе може да ја посети изложбата и да ужива во уметничките дела.

За овој проект  како и за претходниот во Белград, Арсовски конкурираше самостојно и индивидуално на годишениот конкурс  за 2019 година јавно распишан од нивна страна и беше избран од стручното уметничко жири на овие Национални установи.

Зоран Арсовски – Бабата е роден 1980 година во Куманово Република  Македонија. Дипломирал 2005 год. и Магистрирал 2007 год. на Националната Ликовна Академија во Софија насока Сликарство, во класата на професорите Станислав Памукчиев и Божидар Бојаџиев. Член е на Друштвото на Ликовни Уметници на Македонија (ДЛУМ). Оваа изложба ќе му биде девето самостојно претставување пред пошироката јавност. Има учествувано на повеќе групни меѓународни ликовни колонии, изложби, проекти, симпозиуми во земјава и странство. Работи во Национална Установа Центар за култура “Трајко Прокопиев”- Куманово, стручен соработник за визуелни уметности, архитектура и дизајн. Работно искуство од областа на штафелајско сликарство во познатите и негови нови сликарски техники, изработува фреско живописи, икони, сценографии и дизајн.

Leave a Reply