Полициска станица Гевгелија поднесе кривична пријава против Д.А.(27) од Куманово, поради постоење основи на сомение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Имено на 21.06.2015 година, во атар на селото Миравци, при извршен преглед над пријавениот пронајдени биле две хартиени маркици кои содржеле психотропсна супстанца (ЛСД).