Кумановец вратен од Хрватска не седел во изолација, па заработи парична казна

Сподели со своите пријатели

Кумановец кој се вратил од Хрватска, не бил пронајден дома од полицијата, каде требал да биде во изолација.

Loading...

Обвинетиот на 19 март пристигнал од Република Хрватска,  земја со среден ризик за ширење на заразната болест COVID-19.

– При влез во државата потпишал Изјава дека ќе спроведе самоизолација во период од 14 дена во неговиот дом, согласно мерките и препораките за спречување на ширењето на заразната болест.  Но, при извршена контрола од страна на полициски службеници, обвинетиот не бил затекнат во неговиот дом, информираат од Основното јавно обвинителство.

За стореното кривично дело, обвинителството на Основниот суд во Куманово му предложи, на обвинетиот да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глови, секоја од нив во висина од по 20 евра во денарска противвредност.

Никола Ивановски

Leave a Reply