Кумановец вработен во ЕВН уапсен за примање поткуп (фото)

Сподели со своите пријатели

Во текот на вчерашниот ден, а по претходно добиени оперативни сознанија и преземени оперативно-тактички мерки, уапсен е М.Ј (55) кој бил вработен во ЕВН Македонија како раководител на КЕЦ Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Loading...

Во текот на денешниот ден М.Ј. е спроведен во Основното јавно обвинителство Куманово поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „примање поткуп“.

Имено, оштетениот кој е сопственик на приватно претпријатие од Куманово кое со ЕВН Македонија од 2014 година имало склучено Рамковна спогодба за сервисирање, реконструкции и монтажа на енергетскиот систем, во четврток (10.12.2015) бил повикан од страна на пријавениот, кој директно му побарал до крајот на годинава да му биде исплатена сума од 3.000 евра на име одобрување за наплата на доспеаните фактури како и заради понатамошно работно ангажирање на неговото приватно претпријатие.

IMG_20151207_202028

Од страна на оштетениот настанот е пријавен во СВР Куманово и по дадени насоки од страна на Јавниот обвинител од ОЈО Куманово, од оштетениот со записник привремено биле одземени 600 евра и 3.000 денари над кои е извршено криминалистичко техничка обработка, по што истите се вратени на оштетениот.

Вчера, во попладневните часови, врз основа на предходниот договор оштетениот дошол во Корисницичкиот енерго центар Куманово и во канцеларијата на М.Ј му ги предал парите. Од страна на полициските службеници од СВР Куманово врз основа на издадена наредба од Основен суд Куманово извршен е личен претрес на пријавениот при што му се пронајдени предходно криминалистичко-технични обработените банкноти кои со потврда за привремено одзмени предмети му се одземени.

Инаку, во период од крајот на 2014 година па се до почетокот на месецот ноември 2015 година, М.Ј. директно, во повеќе наврати, од оштетениот во вид на награда за наводна успешна меѓусебна соработка побарал и на рака примил сума од 9.500 евра, односно се вкупно побарал и примил сума од 10.100 евра и 3.000 денари.

Против примателот на поткупот ќе биде поднесена адекватна кривична пријава од страна на МВР.

Loading...