Кумановец вмешан во физички напад на полицаец пред МВР

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 01.30 часот пред Министерство за надворешни работи во Скопје, од страна на непознато лице физички бил нападнат полициски службеник кој вршел внатрешно обезбедување на објектот.

Имено, полицискиот службеник слушнал тропање пред објектот и кога излегол надвор забележал неколку непознати лица од кои едниот физички го нападнал. Во врска со настанот, во Полициска станица Центар биле приведени М.Ј.(30) и Ф.В.(30) двајцата од Скопје, Б.Д.(29) од Куманово и В.Д.(32) од Тетово.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Leave a Reply