Кумановец утринава ограбил маркет, набргу полиција го уапсила

Сподели со своите пријатели

Триесетгодишен кумановец бил приведен денеска, откако рано утринава со употреба на сила ограбил маркет во кумановската населба Перо Чичо.

Loading...

– На 04.05.2021 во 06.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Т.(30) од Куманово затоа што на 03.05.2021 околу 23.25 часот со употреба на сила влегол во продавница на улица „Ѓорче Петров“ во Куманово и одзел пари од дневниот промет, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Врз основа на судска наредба бил извршен претрес во домот на М.Т., при што биле пронајдени украдените пари, кои биле вратени на сопственикот.

М.Т. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

Leave a Reply