Кумановец усмрти 70-годишен пешак од Свети Николе

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 17.40 часот на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, патничко возило „Опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(47) од Куманово, удрило во велосипедистот Т.С.(70) од село Стањевци, светиниколско. Т.С. починал на местото на настанот, а смрт била констатирана од лекар од Јавната здравствена установа Свети Николе, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.

Leave a Reply