Кумановец украл предмети вредни 4.500 евра од приватен имот

Сподели со своите пријатели

Дваесет и шестгодишен кумановец бил приведен под сомнение дека во декември минатата година украл предмети вредни над 4.500 евра.

Loading...

– На 07.02.2023 во 13.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Р.Р.(26) од Куманово, информираат од кумановската полиција.

Тој се сомничи дека на 26.12.2022 одзел повеќе предмети од приватен имот на улицата „Перо Чичо“ во вредност од околу 280.000 денари.

– Дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот, а Р.Р. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, додаваат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: ЗНАМ ќе ја врати правдата во Македонија (ФОТО)

Никола Ивановски