Кумановец уапсен поради убиство во обид

Сподели со своите пријатели

По преземени мерки и активности, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово, на 15.09.2018 година во 20.10 часот од слобода го лишиле лицето Р.М.(60) од Куманово.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, истиот ден околу 15.00 часот на улица „Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово, Р.М. со нож му нанел расекотини на С.С (45) од Куманово во пределот на лицето и раката, по што побегнал.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против Р.М. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.

Leave a Reply