Кумановец тешко повреден по тепачка во угостителски објект

Сподели со своите пријатели

Дваесет и петгодишен кумановец бил тешко повреден по физичка пресметка во угостителски објект во Куманово.

Loading...

– На 14.08.2021 во 03.20 часот во СВР Куманово било пријавено нарушување на јавниот  ред и мир со физичка пресметка во угостителски објект во атарот на с.Проевце, кумановско., при што Т.В.Д.(25) од Куманово се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во Ургентен центар Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски