Кумановец тешко повреден откако во него удрило товарно возило

Сподели со своите пријатели

На улицата „13-ти Ноември“ во Куманово, вчера околу 10:!5 часот товарно моторно возило „там“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Е.(53) од Куманово, удрило во пешак Б.А.(31), информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Како што додаваат од таму, во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Куманово.

Leave a Reply