Кумановец тешко повреден, откако излетал од патот со возилото

Сподели со своите пријатели

Во СВР Скопје вчера околу 08:00 часот било пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило “Форд фиеста“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од В.Т.(25) од Куманово, излетало од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Како што појаснуваат од полицијата, во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Leave a Reply