Кумановец со туѓа картичка си купувал производи на “Али Експрес”

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Б.И. (27) од Куманово  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Пријавениот на 23 октомври оваа година, откако неовластено дошол до кредитната картичка на М.Н. (22) во четири наврати се обидел од банкоматот на НЛБ Тутунска банка да извади пари, но откако не успеал преку интернет сајтот „Алиекспрес“ извршил нарачка на разни производи во вредност од 6.000 денари.