Кумановец со секира кршел прозорци на сограѓанка, па се заканил дека ќе и ја запали куќата

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против З.Н.(39) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 22.12.2017 година околу 18,00 часот во Куманово на улица „15-ти Мај“, пријавениот, додека И.К. од Куманово била во нејзиниот дом, влегол во дворот и со секира искршил два прозорци, при што и упатил закани дека ќе ја запали куќата, а потоа си заминал.