Кумановец со кривична за производство и продажба на дрога

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривични пријава против А.О. (33 години) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“-информира МВР.

Loading...

Завчера на улицата „Гиго Цветковски“, од страна на полициски службеници, при претрес во домот на пријавениот биле пронајдени и одземени 61,62 грама марихуана, 0,17 грама мешавина од тутун и марихуана и три дробилки со остатоци од марихуана.

Leave a Reply