Кумановец со камион удрил во БМВ, две лица загинати, еден полицаец

Сподели со своите пријатели

Две лица загинаа, од кои еден полициски службеник на должност, откако БМВ се запали на скопската обиколница кога камион управуван од кумановец удрило во нив.

Loading...

Како што информираат од полицијата, на 21.06.2019 во 16,30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на обиколницата “Мајка Тереза“, кај клучка Приштина во правец од Тетово кон Радишани, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „МАН“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.Н.(37) од Куманово, патничко моторно возило „Јети“, сопственост на МВР, и патничко моторно возило „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.А. (22) од Гостивар.

Двајца полициски службеници вршеле радарска контрола и го запреле возилото „БМВ“, а потоа во нив удрило товарното моторно возило. По ударот, возилото „БМВ“ се запалило. На местото на настанот починал совозачот во возилото „БМВ“, Р.А.(34) од Гостивар.

Со возило на Итна медицинска помош А.А. и двајцата полициски службеници С.Б.(37) и Г.А.(48) биле пренесени во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, но во болницата С.Б. им подлегнал на повредите.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

На социјалните мрежи постои и видео снимка на која се гледа возилото како гори, но и повредени лица облеани во крв. Поради морални и етички причини и степенот на вознемиреност која истото може да го предизвика, истото нема да го споделиме.

Leave a Reply