Кумановец со фалсификувана патна исправа приведен на Табановце

Сподели со своите пријатели

На Граничниот премин Табановце вчера околу 16 часот за излез од Р.Македонија при извршена пасошка контрола на лице Љ.С.(34) од Куманово било утврдено дека патната исправа била фалсификувана.

Како што информираат од МВР, лицето било приведено и предадено на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи од Куманово, за понатамошна постапка.

Leave a Reply