Кумановец се заканувал со нож кон обезбедување на казино

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Г. (34) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Ф.Г. на 10.12.2017 година околу 04.40 часот во казино на плоштадот во Куманово, откако Д.М. (41) од Куманово, обезбедување во казиното, не му дозволил да влезе во објектот поради тоа што бил во алкохолизирана состојба, ги  навредувал вработените, извадил нож и му се заканувал на Д.М., по што го напуштил местото.