Кумановец се заканувал на сограѓанин, полицијата го приведе

Сподели со своите пријатели

Триесетгодишен кумановец е приведен под сомнение дека се заканувал на сограѓанин и неговото семејство.

Loading...

– На 13.04.2022 во 17.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Љ.Е. (30) од село Черкези, кумановско, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што појаснуваат од полицијата, околу 16.30 часот на булевар „Трета македонска ударна бригада“ му се заканувал на Д.В.(40) и неговото семејство.

По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец ја претепал сопругата, па се заканувал на другите во семејството