Кумановец се заканувал на обезбедување во казино

Сподели со своите пријатели

Дваесет и едногодишен кумановец викендов упатувал закани со остар предмет кон вработен како обезбедување во казино.

Loading...

– На 28.08.2022 во 03.15 часот во Полициска станица Куманово С.К.(21) од Куманово пријавил дека на 27.08 и 28.08.2022 во времето од 22.00 часот до 01.30 часот додека бил на неговото работно место како обезбедување во казино во Куманово во неколку наврати Ф.Ј. кого го познавал му упатувал закани со остар предмет, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од полицијата, велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Температури и до 26 степени