Кумановец се бори за живот откако скокал од мост во Шупли Камен

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 18.30 часот екипа на Итна медицинска помош Куманово телефонски пријавила во Секторот за внатрешни работи – Куманово дека во селото Шупли Камен-кумановско, се самоповредил Б.С. (24) од Куманово односно при скокање во реката Пчиња го повредил вратниот пршлен, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Истиот по укажаната лекарска помош во ЈЗД-Куманово, поради сериозноста на повредите бил префрлен во Ургентен центар – Скопје, каде му била констатирана тешка телесна повреда (фрактура на вратна кичма).

Б.С. е неконтактибилен и се наоѓа во животна опасност.

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”small” cover_photo=”show” locale=”en_US”]

Loading...