Кумановец прободен со нож по тепачка во кафе бар

Сподели со своите пријатели

На 16.01.2019 година околу 21.00 часот пријавено е дека во кафе бар на улица „3-та Македонска ударна Бригада“ во Куманово, по вербална расправија, А.А.(32) и Ш.Ј.(20), двајцата од Куманово, физички го нападнале Б.И.(32) од Куманово, информираат од полицијата.

Loading...

Според пријавеното, тие со предмети го удирале Б.И., а во еден момент Б.И. извадил нож и го прободел А.А. во пределот на стомакот. А.А. бил пренесен во болницата во Куманово, а во болница бил пренесен и Б.И. кој се здобил со тешки телесни повреди. СВР Куманово презема мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, по што против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава

Leave a Reply