Кумановец приведен поради запуштање и малтретирање дете

Сподели со своите пријатели

Вчера во 18.00 часот на Гранчен премин Табановце на влез во Република Македонија, при пасошка контрола на М.Д.(58) од Куманово било констатирано дека истиот се бара за притвор во траење од 30 дена за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање дете“ казниво по член 201 став 2 од КЗ на РМ.

Лицето, како што информираат од Министерството за внатрешни работи е предадено во СВР Куманово за понатамошна постапка.

Leave a Reply