Кумановец приведен под сомнение за извршени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот

Сподели со своите пријатели

Дваесет и деветгодишен кумановец бил приведен под сомнение дека извршил тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Loading...

– На 17.01.2022 година во 18.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.С. (29) од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што појаснуваат оттаму, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски