Кумановец претепан во сопствениот сервис за возила

Сподели со своите пријатели

Во СВР Куманово, Д.М.(28) од Куманово вчера пријавил дека околу 11.30 часот, додека работел во неговиот сервис за возила, дошле три лица со возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки и физички го нападнале поради нерасчистени должничко-доверителски односи, информираат од кумановската полиција.

Loading...

Според пријавеното, лицата го удирале со тврд предмет, по што му одзеле еден дел за возило и заминале.

Се преземат мерки за расчистување на случајот.

Leave a Reply