Кумановец претепан, насилниците го оштетиле и автомобилот во кој бил

Сподели со своите пријатели

Дваесет и петгодишен кумановец вчера бил физички нападнат, а двајцата осомничени напаѓачи, се теретат дека го оштетиле и возилото во кое тој се превезувал.

Loading...

– На 14.08.2020, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.И.(18) и И.Б.(32), двајцата од Куманово, поради тоа што околу 02.30 часот во населба „Иго Тричковиќ“ во Куманово физички го нападнале С.Т.(25) од Куманово, а го оштетиле и возилото во кое тој бил како сопатник, а го управувал К.Ѓ.(25) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

Leave a Reply