Кумановец прегазен во центарот на градот

Сподели со своите пријатели

Триесет и петгодишен кумановец се здобил со тешки телесни повреди откако вчера во него удрило возило управувано од 72-годишник.

Loading...

– На 02.02.2023 во 07.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на паркинг простор од автобуска станица на ул.„Доне Божинов“ во Куманово, патничко моторно возило „рено“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.В.(72) од Старо Нагоричане, удрило во пешакот Г.Ј.(35) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница во Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнат на ГП Табановце

Никола Ивановски