Кумановец повреден во сообраќајка во Скопје

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 13.45 часот нa крстосница од булеварот „Јане Сандански“ и улицата „Васко Карангелевски“ дошло до судир помеѓу патничко возило „Пежо 106“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С. (30) од Скопје и патничко возило „Цитроен Ц3“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Е.С. (36) од Куманово.

Притоа, како што информираат од Министерството за внатрешни работи, со повреди се здобиле возачите, како и сопатничката во возилото „Цитроен Ц3“, Н.А. (39) од Скопје.

Сите три лица со возило на итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Кај Е.С. и Н.А. биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување. Кај М.С. биле констатирани тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош била пренесена во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, каде била задржана на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Leave a Reply