Кумановец починал по пад од скала

Сподели со своите пријатели

Кумановец бил пронајдено починат пред влезот на својата гаража, откако паднал од скала извршувајќи градежни работи.

Loading...

– На 01.07.2020 во 12.30 часот во СВР Куманово од Итната медицинска помош Куманово било пријавено дека во Куманово, на ул.„Мирче Ацев“, бил пронајден починат А.Г.(74), кој, според пријавеното, паднал од скала, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово, при што било констатирано дека околу 12.15 часот, А.Г. се качил на дрвена скала, висока околу два метра, потпрена на бетонска бандера за да работи на објект. Скалата се излизгала, а тој паднал пред влезот од гаражата и починал.

Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а со согласност на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.

Никола Ивановски

Leave a Reply