Кумановец нападнал вработен во аптека за дијазепам

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.С. (30) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “тешка телесна повреда”. С.С. на 28.12.2017 година околу 11.00 часот во Куманово во аптека на улица „Веселин Маслеша“ физички го нападнал вработениот Д.Ѓ. (43) затоа што не му дал ампули дијазепам без рецепт, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Откако вработениот не му ги дал ампулите, С.С. излегол надвор и со камен го скршил прозорецот од аптеката, а потоа физички го нападнал вработениот, при што му нанел тешки телесни повреди. После тоа, Д.Ѓ. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Куманово, а потоа поради сериозноста на повредите бил пренесен во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.