Кумановец нападнал полициски службеници

Сподели со своите пријатели

На улицата „30-ти Јули“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.М.(37) од Куманово поради тоа што физички нападнал полициски службеници, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Службениците, како што појаснуваат надлежните, вршеле службени дејствија во домот на напаѓачот, по претходна поплака од него против неговата мајка.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Leave a Reply