Кумановец на студии во Монпелије: Франција нуди многу можности, тука се цени квалитетот

Сподели со своите пријатели

Дваесет и едногодишниот Никола Тошиќ од Куманово престојува во Франција веќе три години и е студент по Хемија на материјали во градот Монпелије.

Според просекот Тошиќ е трет во генерацијата. Тој го усоврши францускиот јазик преку билингвалната паралелка во Гимназијата „Гоце Делчев“ во неговиот град, по што му се укажа можност за студии во Франција.

Овој млад човек раскажува дека во оваа земја се цени квалитетот и не е важно кој од каде доаѓа, туку какви способности има. Вели дека Франција има многу поволности кои им се нудат на младите, како за студирање така и за вработување.

Повеќе читајте на Фактор.мк