Кумановец мислел дека ја спасува ќерката од затвор, па измамен за 10.000 евра

Сподели со своите пријатели

Измамите со лажни сообраќајни несреќи продолжуваат понатаму, па овој пат на мета на криминалците бил постар маж од Куманово.

Loading...

– На 17.09.2020 во 09.30 часот во СВР Куманово, 54-годишна жена од Куманово пријавила дека на 14.09.2020 едно лице се обидело да го измами нејзиниот 86-годишен татко за сума од 10.000 евра, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Според пријавеното, лицето се јавило на нејзиниот татко и го известило дека неговите ќерка и зет направиле сообраќајна незгода во која починал малолетник мигрант, по што од него побарале 35.000 евра за да не оди зет му во затвор.

86-годишникот прифатил да им даде 10.000 евра, а откако тргнал на договореното место за примопредавање на парите, се јавил на ќерка му која го информирала дека немале направено сообраќајна незгода и дека лицето се обидува да го измами.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

Leave a Reply