Кумановец криел марихуана во салон за мебел

Сподели со своите пријатели

Против триесет и тригодишно лице со иницијали И.Б. од Куманово поднесена е кривична пријави поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Како што информираат од полицијата, дрогата била пронајдена во салон за мебел на улицата Карл Маркс во Куманово, сопственост на зетот на пријавениот. По претресот во магацинскиот простор, полициските службеници пронашле и одзеле 831,2 грам марихуана и дигитална вага, кои пријавениот неовластено ги набавил од непознато лице и ги чувал во салонот.

Leave a Reply