Кумановец ќе одговара за затајување данок

Сподели со своите пријатели

Полициската станица Радовиш поднесе кривична пријава против Г.П.(44) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Како што појаснуваат од таму, во текот на 2016 година пријавениот, спротивно на Законот за шумите, исекол и продал 2544 кубни метри огревно дрво и 250 кубни метри техничко дрво, по што во даночната пријава за 2016 година не го навел целиот износ кој го стекнал со продажбата на наведената количина на дрво.

Со ова, според МВР, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 2.285.221 денари на штета на Буџетот на Република Северна Македонија.

Leave a Reply