Кумановец ќе одговара за предизвикување општа опасност

Сподели со своите пријатели

Триесет и четиригодишен кумановец  доби кривична пријава од полицијата под сомнение дека предизвикал општа опасност.

Loading...

– СВР Куманово, поднесе кривична пријава против С.Д.(34) од Куманово, поради постоење основано сомнение за кривично дело „предизвикување општа опасност“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот,  велат од полицијата, заедно со уште четири лица на 03.06.2020, на локалниот пат Старо Нагоричане- село Никуљане, физички го нападнале Г.Д, а едно од лицата со пиштол испукало неколку куршуми.

Никола Ивановски

Leave a Reply